Лионел Меси има колекција од три трофеи за најдобар стрелец во Европа, а во друштво на великаните и расни стрелци со престижната награда во витрините е и македонската кобра Дарко Панчев. За волја на вистината, магазинот „Лекип“ и УЕФА му го доделија признанието со задоцнување од 15 години, а напаѓачот на Вардар, Црвена звезда и Интер беше прв стрелец на стариот континент во сезоната 1990/91. Како член на Црвена звезда во тој циклус, Панчев постигна 34 погодоци, со што беше неприкосновен во Европа.
На свечена церемонија претседателот на УЕФА, Мишел Платини, му ја врачи „Златната копачка“ на Дарко на 3 август 2006 година во Скопје. Тоа е едно од најголемите признанија за македонскиот спорт воопшто, а во друштво на популарната Кобра се имиња како Меси, Кристијано Роналдо, Тјери Анри, Герд Милер, Франческо Тоти, Еузебио, Марко ван Бастен, Христо Стоичков и уште дваесетина маркантни имиња на светскиот фудбал.
Апсолутен рекордер е Меси со 50 погодоци, постигнати во сезоната 2011/12.
Листа на носители на „Златната копачка“ на Европа:
1967/68 – Еузебио (Бенфика) 43 гола
1968/69 – Петар Жеков (ЦСКА Софија) 36
1969/70 – Герд Милер (Баерн) 38
1970/71 – Јосип Скоблар (Марсеј) 44
1971/72 – Герд Милер (Баерн) 40
1972/73 – Еузебио (Бенфика) 40 гола
1973/74 – Ектор Јазалде (Спортинг Лисабон) 46
1974/75 – Дуду Ѓорѓеску (Динамо Букурешт) 33
1975/76 – Сотирис Каифас (Омонија) 39
1976/77 – Дуду Ѓорѓеску (Динамо Букурешт) 47
1977/78 – Ханс Кранкл (Рапид Виена) 41
1978/79 – Кис Кист (Аз Алкмар) 34
1979/80 – Ервин Вандерберг (Лирс) 39
1980/81 – Ѓорѓи Славков (Ботев Пловдив) 31
1981/82 – Вим Кифт (Ајакс) 32
1982/83 – Фернандо Гомеш (Порто) 36
1983/84 – Јан Раш (Ливерпул) 32
1984/85 – Фернандо Гомеш (Порто) 39
1985/86 – Марко Ван Бастен (Ајакс) 37
1986/87 – Родион Каматару (Динамо Букурешт) 44
1987/88 – Тони Полстер (Австрија Виена) и Танжу Чолак (Галатасарај) по 39
1988/89 – Дорин Матеут (Динамо Букурешт) 43
1989/90 – Уго Санчес (Реал Мадрид) и Христо Стоичков (ЦСКА Софија) по 38
1990/91 – ДАРКО ПАНЧЕВ (Црвена Звезда) 34
1991/92 – Али МекКојст (Глазгов Ренџерс) 34
1992/93 – Али МекКојст (Глазгов Ренџерс) 34
1993/94 – Давид Тејлор (Портмадог) 43
1994/95 – Арсен Аветисјан (Хоменетмен) 39
1995/96 – Звијад Енделаѕе (Маргвети) 40
1996/97 – Луис Назарио де Лима Роналдо (Барселона) 34
1997/98 – Никос Махлас (Витезе) 34
1998/99 – Марио Жардел (Порто) 36
1999/00 – Кевин Филипс (Сандерленд) 30
2000/01 – Хенрик Ларсон (Селтик) 35
2001/02 – Марио Жардел (Спортинг Лисабон) 42
2002/03 – Рој Макај (Депортиво Ла Коруња) 29
2003/04 – Тјери Анри (Арсенал) 30
2004/05 – Тјери Анри (Арсенал) и Диего Форлан (Вилјареал) по 25
2005/06 – Лука Тони (Фиорентина) 31
2006/07 – Франческо Тоти (Рома) 26
2007/08 – Кристијано Роналдо (Манчестер јунајтед) 31
2008/09 – Диего Форлан (Атлетико Мадрид) 32
2009/10 – Лионел Меси (Барселона) 34
2010/11 – Кристијано Роналдо (Реал Мадрид) 40
2011/12 – Лионел Меси (Барселона) 50
2012/13 – Лионел Меси (Барселона) 46
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


