Пред само неколку викенди, згодни девојки се капеа и бореа во базен од чоколадо. Пред еден месец, пак, гостите во кумановскиот клуб „Лолипоп“ беа пречекани од девојки во бикини, а клубот беше полн со песок, лежалки за на плажа и чадори за сонце.
Овој петок и сабота ќе има сосема спротивна тема на забава. Место лето, во „Лолипоп“ ќе владее зимата. Вештачки снег, мраз, снегулки, санки, скии и награда – зимски одмор во Банско.
Температурата во клубот ќе се движи од 0 до 15 степени затоа на гостите им се препорачува да си понесат капи и шалови, но и санки и скии.
На студената температура в петок ќе нѐ загреваat диџеј Петруш и диџеј Саша Вакс, плус бесплатен пијалaк за добре дојде за сите, подарок од клубот.
В сабота доаѓа атрактивната српска диџејка Локо Бејби, а пред неа загревање со диџеј Цобе. Влезот е 100 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


