| четврток, 6 декември 2018 |

Зидан ќе одлежи шест години затвор

Најпознатиот египетски фудбалер Мохамед Зидан наредните шест години ќе ги помине во затворска ќелија. Тој доби шестгодишна затворска казна поради измама. Имено, тој издал три чека со голем износ со кои се обидел да измами една компанија за недвижности во Египет

zidan-500

Мохамед Зидан беше дел од шампионскиот состав на Египет во 2008 и 2010 година кога стана шампион на Африка.

Во својата кариера овој 31-годишен фудбалер настапуваше за германските тимови Мајнц, Борусија Дортмунд, Вердер и Хамбургер, како и за данските тимови АБ и Митјиланд. За селекцијата на Египет забележи 44 настапи, на кои постигнал 13 гола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top