Поранешниот српски претседател и почесен претседател на Демократската партија на Србија, Борис Тадиќ, се вработи како советник на норвешки „Теленор“ за регионот и за Европа, пренесува „Блиц“. Сепак, прашањето за активно учество на Тадиќ во српската домашна политика останува отворено.
Тој вчера во Белград се сретнал со Кјел Мортен Јохенсен, извршен потпретседател на групацијата „Теленор“ и директор на европските операции на оваа компанија. Наводно, состанокот бил организиран од страна на поранешниот норвешки премиер Јенс Столтенберг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.