| четврток, 6 декември 2018 |

Ленон и Никсон

gorazd-capovski-90x115

Колумнист: Горазд Чаповски

„Ако сме ре­во­лу­ци­о­не­ри не сме ре­вол­ве­ра­ши“, збо­ру­ва­ше Џон Ле­нон во 1968 го­ди­на, во бур­ни­те го­ди­ни на вој­на­та во Ви­ет­нам. Не­го­ви­от по­ли­тич­ки акти­ви­зам поч­на вед­наш по рас­па­дот на „Битл­си“, ко­га за­ед­но со Јо­ко Оно за­ми­наа во САД да им се прик­лу­чат на го­ле­ми­те ан­ти­во­е­ни де­мон­стра­ции. „Ре­во­лу­ци­ја­та мо­ра да би­де ми­ро­љу­би­ва, во сти­лот на Ган­ди. Не мо­жам да се­дам со скр­сте­ни ра­це до­де­ка све­тот го­ри око­лу ме­не“, из­ја­ви то­гаш Ле­нон.

Ни­ко­гаш не бе­ше упо­тре­бен по­ло­шо еден цен­тар на моќ, ка­ко во Ви­ет­нам­ска­та вој­на. По из­бо­рот на Ри­чард Ни­ксон за пре­тсе­да­тел на САД во 1968 го­ди­на за­ги­наа најм­но­гу аме­ри­кан­ски вој­ни­ци. „Не­ма ком­про­мис со пре­дав­ни­ци­те“,, про­па­ги­ра­ше Ни­ксон. То­гаш поч­на не­ви­де­на по­ли­тич­ка хај­ка про­тив си­те умет­ни­ци и му­зи­ча­ри што го прет­ста­ву­ваа хи­пи-дви­же­ње­то, ме­ѓу кои и Џим Мо­ри­сон и Џи­ми Хен­дрикс.

Де­мон­стра­ци­и­те беа огро­мен по­ли­тич­ки удар врз Бе­ла­та ку­ќа. За таа цел Ле­нон на­пра­ви из­во­нре­ден про­па­ган­ден пла­кат, со текст „Вој­на­та е за­вр­ше­на! Ако го са­ка­те тоа“, кој бе­ше из­ло­жен во 11 гра­до­ви во све­тот. Че­ти­ри сту­ден­ти беа уби­е­ни од На­ци­о­нал­на­та гар­да за вре­ме на де­мон­стра­ци­и­те во 1970 го­ди­на, до­де­ка хи­пи­ци­те на че­ло со Ле­нон из­ви­ку­ваа: „Про­те­сти­те се па­три­от­ски“. От­ту­ка поч­ну­ва бор­ба­та на Ле­нон со злоб­на­та ад­ми­ни­стра­ци­ја на Ни­ксон.

Дес­ни­ча­ри­те на Ни­ксон беа убе­де­ни де­ка во хи­пи-дви­же­ње­то се вмет­на­ти со­вет­ски тај­ни служ­би, што, се­ка­ко, не бе­ше да­ле­ку од ви­сти­на­та. За таа цел, Ни­ксон го ан­га­жи­ра­ше спо­соб­ни­от агент на ФБИ Ху­вер, дес­ни­чар со ра­ди­кал­ни и шо­ви­ни­стич­ки ста­во­ви, кој сло­бод­но мо­же­ше да би­де член на дви­же­ње­то „Кју кјус клан“. Ху­вер дејс­тву­ва­ше ра­ди­кал­но. Ле­нон нон­стоп бе­ше прис­лу­шу­ван и се­кој не­гов че­кор бе­ше сле­ден. За да би­де иро­ни­ја­та по­го­ле­ма, со­вет­ски­те тај­ни служ­би му ги вмет­наа Хоф­ман и Ху­берт, кои се збли­жи­ја со Ле­нон и за­ед­но учес­тву­ваа на си­те след­ни ан­ти­во­е­ни де­мон­стра­ции. Ле­нон не бе­ше ни све­сен де­ка тие се со­вет­ски аген­ти, чи­ја­што единс­тве­на цел е Аме­ри­ка да ја за­гу­би вој­на­та во Ви­ет­нам.

Ту­ка е, исто та­ка, и не­го­ва­та друж­ба со ле­ви­чар­ски­те „Цр­ни пан­те­ри“. На­јин­те­рес­на е по­ра­ка­та што му ја ис­пра­ќа Ху­вер: „Ние ти да­дов­ме сè — па­ри, бо­гат­ство, моќ — а, ти ва­ка ни вра­ќаш. Нај­до­бро за те­бе е да не се пле­ткаш во по­ли­ти­ка, ту­ку ка­ко Мик Џе­гер (да вр­ти со га­зе­то, ка­жа­но на­род­ски) да си ја гле­даш му­зи­ка­та, и сè ќе би­де во нај­до­бар ред“.

Ле­нон бе­ше ста­вен на вр­вот на ли­ста­та на не­при­ја­те­ли на Аме­ри­ка, слич­но ка­ко што беа Чар­ли Чап­лин и Џек Лон­дон, и двај­ца­та истак­на­ти ле­ви­ча­ри. Ап­сур­дот оди до та­му што до­би­ва на­лог да ја на­пу­шти Аме­ри­ка по­ра­ди исте­че­на­та ви­за. Ко­га ме­ди­у­ми­те го пра­ша­ле „Ка­ко се чув­ству­ва­те?“, од­го­ва­ра: „Ка­ко на учи­ли­ште. Пак мо­рам кај ди­ре­кто­рот, ама се на­де­вам де­ка се­га не­ма да ме те­па­ат“.

Бор­ба­та ме­ѓу Ни­ксон и Ле­нон е кла­си­чен при­мер за еден за­бе­ган цен­тар на моќ, во овој слу­чај, во­е­но­то и по­ли­тич­ко­то ло­би на пр­ва­та свет­ска си­ла, то­гаш и де­нес, Аме­ри­ка. Ни­ксон не из­би­ра средс­тва за да ги оне­воз­мо­жи си­те опо­зи­ци­ски си­ли, кои, во су­шти­на, се про­тив ап­сурд­но­ста на Ви­ет­нам­ска­та вој­на, што, гле­да­но од исто­ри­ски ас­пект, се по­ка­жу­ва ка­ко точ­но. Ни­ксо­но­ва­та ад­ми­ни­стра­ци­ја е нај­ло­ша­та ад­ми­ни­стра­ци­ја што во­оп­што ја има­ла Бе­ла­та Ку­ќа, а Ле­нон е ко­ла­те­лар­на ште­та на бор­би­те на аме­ри­кан­ски­те и на со­вет­ски­те тај­ни служ­би. Иск­лу­чи­тел­на лич­ност, ге­ниј, кој на кра­јот прог­ла­су­ва но­ва др­жа­ва, „Њу­то­пи­ја“, без гра­ни­ци и др­жав­јанс­тва, ка­де што вла­де­ат са­мо кос­мич­ки­те за­ко­ни. Пе­е­ше „Са­мо љу­бо­вта ни е по­треб­на“ — биб­ли­ски кон­цепт, кој, очиг­лед­но, алч­но­ста на де­неш­на­ва чо­веч­ка ци­ви­ли­за­ци­ја не е спо­соб­на да го при­фа­ти: „Каз­на­та, се­ка­ко, сле­ду­ва“. Уми­ра во те­ро­ри­стич­ки атен­тат од еден не­гов фан. Ми­сте­ри­оз­но.

(објавено во 14. број на неделникот „Република“, 7.12.2012)

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top