| четврток, 6 декември 2018 |

Вози Диме!

Mojso_Mojsovski_90

Колумнист: Мојсо Мојсовски

Во култ­ни­от филм „Кој тоа та­му пее“ Ми­шко во­зе­ше со вр­за­ни очи, пред вчу­до­ви­де­ни­те и преп­ла­ше­ни пат­ни­ци, а та­тко му по­сто­ја­но на­сто­ју­ва­ше да во­зи и во ри­кверц….

Мо­јот со­сед Ди­ме, во­зач во ЈСП, при­јат­но ме из­не­на­ди со ин­фор­ма­ци­ја­та де­ка тој прв го во­зи дво­кат­ни­от скоп­ски па­но­рам­ски авто­бус си­ти-тур. За да не­ма двој­ба со увод­ни­те за­бе­ле­шки од тек­стов не­му ни на крај па­мет не му е да ја во­зи ту­ра­та низ Скоп­је со вр­за­ни очи, ни­ту, пак, на­за­еч­ки, што би се рек­ло. Тој е се­ри­о­зен и ста­мен во­зач на во­зи­ло, кое на­се­ка­де во све­тот има зна­чај­на уло­га во ту­ри­стич­ка­та пре­зен­та­ци­ја на ме­тро­по­ли­те пред ту­ри­сти­те и на­мер­ни­ци­те.

Ка­ко не­гов пат­ник, ве­ру­вам, искре­но, ме­ѓу пр­ви­те скоп­ја­ни, по гра­до­на­чал­ни­кот и ВИП-го­сти­те на про­мо­тив­но­то во­зе­ње, ги за­тво­рам очи­те, не­ма да ги вр­зам, а во ри­кверц се вра­ќам, мно­гу го­ди­ни на­на­зад, за да ја по­ми­нам ту­ра­та по иста­та тра­е­кто­ри­ја, на крилjата на спо­ме­ни­те и се­ќа­ва­ња­та за не­кое Скоп­је од ми­на­то­то….

Tргну­ва­ме од пред парк­че­то, спро­ти Со­бра­ни­е­то, ка­де што има комп­лекс ад­ми­ни­стар­тив­ни згра­ди во кои е сме­стен Из­врш­ни­от со­вет на СРМ. Зад не­го се ку­ли­те по­крај Вар­дар, а во ме­ѓу­про­сто­рот цр­ква­та „Све­та Еле­на и Кон­стан­тин“ и ба­лет­ско­то учи­ли­ште. Во комп­ле­ксот ду­ќа­ни има­ше и еден за по­пра­вка на ма­ши­ни за пи­шу­ва­ње со поз­на­то­то го­ле­мо уво што но­си пен­ка­ло „Пе­ли­кан“.

По ули­ца­та „Вељ­ко Вла­хо­виќ“ се дви­жи­ме кон кр­стос­ни­ца­та кај „Пут­ник“.Пред да ја пре­се­че­ме „Мар­шал Ти­то“, ја по­ми­ну­ва­ме пр­ва­та скоп­ска са­мо­пос­лу­га пред ко­ја зим­но вре­ме се фор­ми­ра­ше дол­га лиз­га­ли­ца на ко­ја се од­ви­ваа лиз­гач­ки­те ве­шти­ни во рам­ки­те на дис­цип­ли­на­та –„ка­ко пр­ви та­ко дру­ги“. Кар­ши неа офи­цер­ски­от ре­сто­ран „Вар­дар“, со поз­на­то­то би­фе за пи­е­ње од­на­но­га (ко­њо­пој), во кое на­бр­зи­на на­вра­ќаа пред и по ра­бо­та љу­би­те­ли­те на кап­ка­та, кои до­ма мо­раа да ста­са­ат точ­но на­вре­ме, но ве­ќе на­вр­на­ти. На огра­да­та на Ка­то­лич­ка цр­ква по­сто­ја­но има­ше по­сед­на­то лу­ѓе,осо­бе­но на­ве­чер, за­што ту­ка те­че­ше ре­ка­та на­ре­че­на кор­зо, пол­но­вод­на ре­ка со мла­ди и по­мал­ку мла­ди ше­та­чи, учес­ни­ци во ри­ту­а­лот на се­кое ме­ди­те­ран­ско ме­сто и бал­кан­ска ка­са­ба, жел­ни за друж­ба и уба­ви сред­би.

Кај де­ве­ткат­ни­ца, со ап­те­ка­та во при­зем­је­то, се вр­ти дес­но, по Бу­ле­вар ЈНА. Ши­рок кр­вен сад на со­о­бра­ќај­ни­от кр­во­ток на Скоп­је, по­врз­ни­ца­та на Вод­но со Вар­дар. Ли­пи­те беа бе­ле­гот на бу­ле­ва­рот. Не­из­бе­жен ре­кви­зит за ро­ман­тич­ни­те по­пол­ноќ­ни про­ше­тки во двој­ка (по мож­ност ме­ша­на), уште ако е ју­ни, гар­ни­ран со опој­на ми­риз­ба. И ко­га сме кај ми­риз­ба­та, за­бе­ле­жи­тел­на е таа лет­на­та, ко­га пред или по пол­ноќ ќе по­ми­неа пр­ска­ли­ци­те – же­шки­от асфалт и во­да­та про­из­ве­ду­ва­ат впе­чат­ли­ва ком­би­на­ци­ја на ле­тен скоп­ски пар­фем, кој оста­ва тра­га до ра­ни­те утрин­ски ча­со­ви врз зас­па­ни­от град. Во че­ло е до­мот на час­ни­те се­стри,кои во сло­бод­но вре­ме одг­ле­ду­ваа тем­ја­ну­шки и рас­ад за пи­пер и скоп­ски ја­бу­чар.

(објавено во 11. број на неделникот „Република“, 16.11.2012)

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top