| четврток, 6 декември 2018 |

Шиповиќ се враќа во Македонија!

Првоосомничениот за криминал тежок еден милиони евра во случајот „Претседавач“ Мирослав Шиповиќ за неколку дена треба да пристигне во Скопје.

Претседавачот на советот на општината Центар кој по враќањето од САД е во екстрадициски притвор во Австрија каде по меѓународна потерница од македонското МВР беше приведен на аеродромот во Виена, во Скопје треба да дојде најверојатно во четврток.

Според извори во советничката група на општина Центар од редовите на СДСМ при крај е процедурата за екстрадиција на Шиповиќ по што тој со полициска придружба треба да биде проследен во Македонија.

Неговите сопартијци велат дека се е подготвено за негова одбрана пред скопскиот кривичен суд кој што го товари дека заедно со уште 8 други лица меѓу кои и неговиот брат, со чија фирма соработувала компанијата „Машинопромет“, учествувал во намалување на вредноста на магацинска стока која од 63 милиони денари или еден милион евра се намалила на само 4 илјади евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top