| четврток, 6 декември 2018 |

Дефинирана конечната бројка: вкупно 166 артефакти недостигаат од Музејот на Македонија

Вкупно 166 артефакти недостигаат од депото на Музејот на Македонија покажал конечниот попис за кражбата што го направил Музејот, информираат од МВР.

Првично се сметаше дека во музејското депо недостигаат вкупно 60 вредни артефакт, а потоа бројката се искачи на 80-ина. Петмина кустоси пријавија дека им недостигаат артефакти од збирките коишто ги должеле.

Артефактите, како што првично беше соопштено, потекнуваат од античкиот и римскиот период и биле пронајдени при ископи на археолошките наоѓалишта Стоби и Исар Марвинци.

Сé уште нема осомничени за кражбата. Нема, исто така, траги од насилно влегување во Музејот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top