Репрезентативците на Германија во Лондон не се возат ниту со автомобили ниту со автобус, туку отидоа на „Вембли“ со помош на метро.
Лишени од комплекси и предрасуди, репрезентативците на Германија и стручниот штаб се возеа со метро како целиот нормален свет.
Патниците што се најдоа во моментот во метрото зачудено ги гледаа, а оние похрабрите се сликаа и побараа автограми од играчите.
Судејќи според изразот на лицето на најдобрите германски фудбалери, не им било непријатно да го користат најпрактичниот превоз низ метрополата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.