| четврток, 6 декември 2018 |

Фудбалерите на Германија со метро до „Вембли“ (видео)

Репрезентативците на Германија во Лондон не се возат ниту со автомобили ниту со автобус, туку отидоа на „Вембли“ со помош на метро.

Лишени од комплекси и предрасуди, репрезентативците на Германија и стручниот штаб се возеа со метро како целиот нормален свет.

Патниците што се најдоа во моментот во метрото зачудено ги гледаа, а оние похрабрите се сликаа и побараа автограми од играчите.

Судејќи според изразот на лицето на најдобрите германски фудбалери, не им било непријатно да го користат најпрактичниот превоз низ метрополата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top