| четврток, 6 декември 2018 |

Клеопатра уби 14 лица – невремето се движи кон Хрватска (ВИДЕО)

ciklon nevreme sardnija

Најмалку 14 лица загинаа во силната бура што ја погоди Сардинија вчеравечер, пренесува италијанскиот „Кориере дела сера“. На италијанскиот остров падна рекордно количество дожд, а поплавата уриваше  патишта и мостови.

Според весникот, бројот на жртвите засега е 14 , но се наведува дека најмалку 10 лица се исчезнати. Сè уште има многу повредени, а стотици луѓе ги напуштија своите домови.

Метеоролозите предвидуваат дека дождот ќе продолжи да паѓа во вторник, а силното невреме ќе ја зафати и Хрватска.

Метеоролозите од хрватскиот тим го нарекоа овој циклон Ведран, но за Италијанците тој е Клеопатра. И двата тима се согласуваат дека невремето ќе има голем ефект врз времето во Хрватска, а врвот ќе достигне денеска и утре. Тоа ќе донесе дожд во Јадранот, понекогаш и повеќе од 100 литри на квадратен метар и можност за ураган во јужните делови со брзина на ветрот од над 120 км/ч.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top