Најмалку 14 лица загинаа во силната бура што ја погоди Сардинија вчеравечер, пренесува италијанскиот „Кориере дела сера“. На италијанскиот остров падна рекордно количество дожд, а поплавата уриваше патишта и мостови.
Според весникот, бројот на жртвите засега е 14 , но се наведува дека најмалку 10 лица се исчезнати. Сè уште има многу повредени, а стотици луѓе ги напуштија своите домови.
Метеоролозите предвидуваат дека дождот ќе продолжи да паѓа во вторник, а силното невреме ќе ја зафати и Хрватска.
Метеоролозите од хрватскиот тим го нарекоа овој циклон Ведран, но за Италијанците тој е Клеопатра. И двата тима се согласуваат дека невремето ќе има голем ефект врз времето во Хрватска, а врвот ќе достигне денеска и утре. Тоа ќе донесе дожд во Јадранот, понекогаш и повеќе од 100 литри на квадратен метар и можност за ураган во јужните делови со брзина на ветрот од над 120 км/ч.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)