| четврток, 6 декември 2018 |

Руски милијардер ја купил куќата на Вил Смит

Рускиот милијардер Димитриј Риболовлев, купил куќа на Хаваите, која до декември 2012 година била во сопственост на холивудскиот актер Вил Смит, пренесоа руските медиуми

FNP_EW_0222539Ова е трета поголема зделка со недвижен имот на рускиот бизнисмен. Риболовлев понудил 20 милиони долари за имотот кој во 2009 година, Вил Смит и неговата сопруга го купиле за 13,5 милиони долари.

Имотот на Хаваи вклучува еднокатна куќа од околу 205 квадратни метри со три спални. Таа се наоѓа на плажа од 2800 хектари со базени, тениско игралиште и терен за одбојка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top