Американската тенисерка Серена Вилијамс заработила во 2013 година од турнири 12 милиони и 385 илјади долари, што е повеќе од заработките на најдобро рангираните тенисери Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ. Надал од турнирските награди заработил 300 илјади американски долари помалку од Вилијамс, а заработката на Ѓоковиќ изнесува 11 милиони и 200 илјади долари.
Следуваат Едни Мареј со заработка од 5.416.221 долари, Давид Ферер со 4.086.953, Хуан Мартин дел Потро со 3.894.039 и Роџер Федерер со 2.798.637 долари.
Кај тенисерките со речиси шест милиони долари помалку заработка од Серена Вилијамс е Белорусинката Викторија Азаренка со 6.497.165, следува Кинеската Ли На со 3.982.485, а четврта е Русинката Марија Шарапова со заработени 3.544.222 долари, која сепак најголемиот дел го заработува надвор од тениските терени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.