| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ промовира мерки за 15 години наназад

прес земјоделиеВМРО-ДПМНЕ смета дека СДСМ промовирале мерки со кои ја враќаат земјоделската политика 15 години наназад.

– Сето ова што го нуди СДСМ се само општи наслови како во времето на комунизмот. Во сите сфери за кои денес СДСМ зборуваше, Владата на ВМРО- ДПМНЕ веќе реализира мерки кои што по обем се два три или четири пати повеќе односно даваме дупло и повеќе пари за сето она што тие го предложиле. Ние реализираме! Она што го ветуваме го ставаме на хартија, во Програма – рече на Маргарита Делева, член на Комисијата за земјоделство на ВМРО-ДПМНЕ.

– На пример: СДСМ предлага 10 милиони евра годишно за системи за наводнување, ВМРО веќе дава 18 милиони евра годишно, СДСМ предлага 30 отсто покривање на средства за дупчење на бунари, ВМРО-ДПМНЕ веќе дава 100 отсто средства, СДСМ предлага 15 отсто за учество во градба на капацитети, ВМРО-ДПМНЕ веќе финансира 50 отсто од трошоците за инвестиции. СДСМ предлага финансирање на трошоци за финансирање на брендирана амбалажа, ВМРО-ДПМНЕ веќе финансира трошоци  за брендирана амбалажа во винарската индустрија и за извезени преработки од овошје и зеленчук – спореди Делева.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top