ВМРО-ДПМНЕ смета дека СДСМ промовирале мерки со кои ја враќаат земјоделската политика 15 години наназад.
– Сето ова што го нуди СДСМ се само општи наслови како во времето на комунизмот. Во сите сфери за кои денес СДСМ зборуваше, Владата на ВМРО- ДПМНЕ веќе реализира мерки кои што по обем се два три или четири пати повеќе односно даваме дупло и повеќе пари за сето она што тие го предложиле. Ние реализираме! Она што го ветуваме го ставаме на хартија, во Програма – рече на Маргарита Делева, член на Комисијата за земјоделство на ВМРО-ДПМНЕ.
– На пример: СДСМ предлага 10 милиони евра годишно за системи за наводнување, ВМРО веќе дава 18 милиони евра годишно, СДСМ предлага 30 отсто покривање на средства за дупчење на бунари, ВМРО-ДПМНЕ веќе дава 100 отсто средства, СДСМ предлага 15 отсто за учество во градба на капацитети, ВМРО-ДПМНЕ веќе финансира 50 отсто од трошоците за инвестиции. СДСМ предлага финансирање на трошоци за финансирање на брендирана амбалажа, ВМРО-ДПМНЕ веќе финансира трошоци за брендирана амбалажа во винарската индустрија и за извезени преработки од овошје и зеленчук – спореди Делева.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)


