| четврток, 6 декември 2018 |

Доминација на Вардар, и голманот Милиќ заслужи место во топ 5 (видео)

Апсолутна доминација на Вардар во изборот на најдобрите моменти од петтото коло во ракометната Лига на шампионите. Слатката победа против лутиот ривал Металург беше проследена со низа атрактивни потези. Тимур Дибиров и Игор Карачиќ се најдоа на позициите број 1 и број 3 во изборот на ЕХФ за најатрактивни погодоци на колото, а голманот Страхиња Милиќ им се приклучи со „четворката“ во изборот на ЕХФ за најдобри одбрани.

Популарниот Џамбо го фати „жив“ ударот на Дејан Манасков од крилна позиција. Српскиот интернационалец бранеше извонредно во текот на целиот меч и тој е еден од најзаслужните за победата на Вардар од 27-22 во македонското дерби со Металург.

Видеото од најдобрите 5 одбрани во петтото коло можете да ги погледнете овде.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top