| четврток, 6 декември 2018 |

Вељановски утре ќе соопшти датум за избори

g_trajko-veljanoski111Претседателот на Собранието утре ќе соопшти на кој датумот ќе се одржат локалните избори. Неофицијално, тие ќе бидат закажани на 24 март.
Во согласност со Законот, изборите треба да се организираат во втората половина од март. Мора да се закажат најмалку 70 дена пред стартот на гласањето. Во игра се датумите 17, 24 и 31 март. Сепак, претседателот на Собранието, според неофицијалните информации, се решил за 24 март, откако отпаднала опцијата изборите да се распишат на последниот ден од месецот бидејќи тогаш католичките верници прославуваат Велигден

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top