| четврток, 6 декември 2018 |

Ирците и Шпанците ја пребродија кризата

evrogrupaШпанија во јануари ќе го заврши кредитниот аранжман за помош на банкарскиот систем, соопшти Еврогрупата.

„Потполно ја поддржуваме одлуката на Шпанија да не бара нова финансиска помош од меѓународните кредитори по излезот од кредитниот аранжман во јануари 2014 година“, се наведува во соопштението од состанокот на Еврогрупата во Брисел, од каде што е изразено задоволство од имплементацијата на финансиската програма и амбициозните реформи кои досега беа преземени.

„Општата ситуација на шпанскиот банкарски сектор е значително подобрена“, се додава во соопштението.

Претходно, ирската влада соопшти дека следниот месец ќе го заврши кредитниот аранжман со ЕУ и Меѓународниот монетарен фонд.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top