Македонскиот репрезентативец од Барселона Кирил Лазаров и руското лево крило во Вардар, Тимур Дибиров се во квартетот најдобри стрелци во Лигата на шампионите со по 32 гола.
Лазаров имаше 6 реализации за Барса во победата против Динамо во Минск, а Дибиров блескаше со 8 гола во слаткиот триумф на Вардар против градскиот ривал Металург. Со нив во друштво на делба на првата позиција по некомплетното петто коло се и Уве Геншајмер од Рајнекар Левен и Стипе Мандалиниќ од Кроација Осигурање Загреб.
Веднаш зад нив е Ренато Вугринец од Металург со 30 гола, а шанса да ги прескокне сите ќе има досегашниот лидер Валентин Ѓонеа од Висла Плок. Романскиот интернационалец за послкиот состав има постигнато 29 погодоци, а допрва во сабота треба да го одигра мечот од петтата рунда против Порто.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


