| четврток, 6 декември 2018 |

Чудна ситуација во Вардар, поранешниот тренер Вујовиќ на трибини, спонзорот Самсоненко диригира од клупата

Интересна ситуација, по малку и чудна се случува во таборот на Вардар на дербито со Металург. Поранешниот тренер и миленик на навивачите на Вардар, Веселин Вујовиќ е на трибините, како гостин на „црвено-црните“, а спонзорот на Вардар Сергеј Самсоненко е во улога на тренер и од клупата го предводи македонскиот шампион против лутиот ривал.

metalurg-vardar-4

Официјално во записник тренер на Вардар е Андон Бошковски, но крај теренот е поинаква ситуацијата. Самсоненко диктира, крои тактика и го води тимот. Иако необична, засега комбинацијата со рускиот „споственик“ на РК Вардар како кормилар на тимот успева. И тоа трае веќе цел месец, а на Вардар добро му оди. И вечерва по првиот дел шампионот водеше со 5 гола разлика, 14-9, а во тек е и второто полувреме.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top