| четврток, 6 декември 2018 |

Како гореше „мерцедесот“ во Битола (ВИДЕО)

vozilo bitola pozar

Сѐ уште се трага по сторителите на големиот пожар во кој пред два дена изгореа два автомобила на булеварот „1 Мај“ во Битола. И двете возилата со марка „ауди“ и „мерцедес“, во сопственост на  45-годишниот В.Н. и 32-годишниот С.Р. и двајцата од Битола, се речиси целосно уништени.

Од СВР Битола велат дека истрагата трае и во овој момент не можат да зборуваат за мотивите за ваквото опожарување , ниту пак има пријава против сторител или сторители.

Битолската телевизија „Тера“ пак, пренесува дека на интернет се шират гласини  дека потпалувачите ги згрешиле возилата, и наводно други автомобили требало да бидат запалени, но од полицијата ваквите шпекулации не ги коментираат.

Од битолската Противпожарна единица тогаш изјавија дека двете возила биле паркирани на растојание од четири метри. Мерцедесотт имал инсталиран гасен систем и бил запален доводот за гас, но интервенцијата на пожарникарите спречила експлозија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top