
Сѐ уште се трага по сторителите на големиот пожар во кој пред два дена изгореа два автомобила на булеварот „1 Мај“ во Битола. И двете возилата со марка „ауди“ и „мерцедес“, во сопственост на 45-годишниот В.Н. и 32-годишниот С.Р. и двајцата од Битола, се речиси целосно уништени.
Од СВР Битола велат дека истрагата трае и во овој момент не можат да зборуваат за мотивите за ваквото опожарување , ниту пак има пријава против сторител или сторители.
Битолската телевизија „Тера“ пак, пренесува дека на интернет се шират гласини дека потпалувачите ги згрешиле возилата, и наводно други автомобили требало да бидат запалени, но од полицијата ваквите шпекулации не ги коментираат.
Од битолската Противпожарна единица тогаш изјавија дека двете возила биле паркирани на растојание од четири метри. Мерцедесотт имал инсталиран гасен систем и бил запален доводот за гас, но интервенцијата на пожарникарите спречила експлозија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


