| четврток, 6 декември 2018 |

„Албафон“ пишува историја: Кале било илирска метропола, Тетовската менада е илирска танчарка, Одисеј носел кече…

Новиот мобилен оператор „Албафон“ си ја пишува историјата по свое. На нивната веб-страница на македонски јазик во рубриката „Кои сме ние – делови од историјата“ на свој начин ги објаснува историските локалитети во Македонија и историските личности од ова поднебје.

Така, според нив, тврдината Кале била илирско-дарданска метропола.

12

Според мобилниот оператор наменет исклучиво за Албанците во Македонија, Златната маска била, всушност, „маска на Илирите“ која била пронајдена во селото Дан Дика (Требениште, Охридско).

zlatna maska-nailirite

Според нив, Тетовската менада е „Илирска играорка“, а статуата била показател за нивото на кулутрата на илирското општество во тоа време.

tetovska menada

Ова кече, пак, потекнувало од античко време, а го носел Одисеј.

anticko kece

Според „Албафон“, „по владетелот на илирското племе на Десаретите Андреа Гропаj, кој во 1371 година го ослободил градот од Србите, Дервиш Хима бил следниот патриот кој ја вратил славата и гордоста на градот Охрид“.

albafone

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top