Групацијата на национални телевизии бара повлекување на новиот закон за филмска дејност. Во спротивно законот ќе го оспори пред Уставниот суд. Според од одредбите во законот, телевизиите од својот годишен приход треба да издвојуваат 1,1 отсто за Агенцијата за филм.
-За ЗАМП сите телевизии од својот промет плаќаат по 2 проценти годишно, здружението ММИ кое ги штити изведувачките и продуцентските права, од телевизиите наплаќаат фантастични 2,4 проценти од својот годишен промет и кога ќе се додадат овие 1,1 процент за филмската индустрија, телевизиите од својот годишен промет треба да одвојат 5, 5 проценти од средствата, пресметува Горан Глигоров од Сител ТВ.
Законот за филмска дејност треба да стапи на сила од први јануари идната година. Телевизиите се револтирани затоа што не се консултирани и информирани од Министерството за култура и од филмските работници.
Според новиот закон за филм, освен телевизиите, одреден процентуален износ на контото на новата Агенција за филм, од следната година ќе треба да плаќаат и телекомуникациските оператори, кабелските оператори, кината, дистрибутерите на филмови и приредувачите на игри на среќа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Младите синеасти во фокусот на Европската програма Less is more (LIM)
-
На фестивалот во Олденбург, Агенцијата за филм ќе ја претстави Македонија како атрактивна дестинација за снимање
-
Агенцијата за филм потпиша меморандум за соработка со Друштвото на филмски работници
-
Агенцијата за филм во Кан потпиша неколку договори за регионална и европска соработка