Во дерби натпреварот од „Скопско Супер” лигата во женска конкуренција, екипата на Вардар СЦБТ триумфираше над Металург со 31:24 (13:9).
Избраничките на Индира Кастраратовиќ, постојано го контролираа резултатот на натпреваро и во ниеден момент не дозволија да бидат изненадени .
Најефикасна во победничкиот тим беше Црвенковска со 6 голови, Хмирова и Дмитровиќ постигнаа по 5 голови , додкеа Кликовац, Радичевиќ и Ѓокиќ по четири пати ја затресоа противничката мрежа. Кај гостите најефикасна беше Барамовска со 7 голови.
Со оваа поведа Вардарки се зацврстија на првата позиција на табелата и по седум одиграни натпревари имаат 19 бодови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.