| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓоковиќ: Морам наскоро да се оженам за Јелена

На констатацијата дека Ѓоковиќ не загубил меч откако ја запросил долгогодишната девојка Јелена Ристиќ, тој на новинарот само му се насмеа и му рече:

– Најверојатно ќе морам што побрзо да се оженам.

Традиционално, по завршувањето на финалето на мастерс-турнирот во Лондон, водителот на програмата и Новак Ѓоковиќ разговараа во прошетка околу арената „О2“.

Во еден момент авторот на интервјуто му напомена на Ѓоковиќ дека тој нема загубено меч откако се свршил.

– Фала ти. Тоа ми значи многу. Знаеш ли колку е добро чувството. Мислам дека тоа е логичен чекор понатаму, таа во изминатите осум години беше и сѐ уште е мојата најголема поддршка, затоа и се одлучив на тој чекор. Моментот кога ја запросив за мене беше посебен настан, а од тогаш не сум загубил ниеден меч – рече Ѓоковиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top