| четврток, 6 декември 2018 |

Старец повреден со нож примен во штипската болница

noz krv

Старец со убодна рана во стомакот е примен синоќа во Клиничката болница во Штип.

Според МВР, станува збор за 90-годишниот Т.Е. од село Блатец, кој е примен во болницата со убодна рана во стомакот, за која неговиот зет тврдел дека сам си ја нанел.

Според зетот М.К., старецот сам влегол во тоалетот и излегол целиот во крв, по што тој само го пренел во болница. Инаку, тој тврди дека меѓу него и старецот немало недоразбирања, а полицијата покрена истрага за утврдување на околностите при ранувањето на старецот од Штипско.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top