| четврток, 6 декември 2018 |

34 години невин в затвор- конечно на слобода (Видео)

napokon-slobodan-34-godine-trunuo-u-zatvoru-zbog-lazi-Иако  му одзеле половина живот Кеш Делано Регистер пред новинарите вели дека не е лут на системот кој го посочил како убиец без правни докази. Сега 53 годишниот Регистер по 34 години излезе од затворот во Лос Ангелес заради Врховниот суд кој конечно ги уважил приговорите на неговиот адвокат.

Во 1979 е осомничен како убиец на 78 годишен старец, за што е и осуден иако било познато дека зад тоа стои лажно сведочење, како и без клулчни докази. Всушност тој „заглавил“ во затвор заради изјави на очевидци, иако ниеден отпечаток од прст на местото на злосторот не бил негов. Потоа иако неговата тогашна девојка цело време тврдела дека бил со неа, поротата повеќе верувала на жената која во судницата лажно го идентифилкувала како убиец. Дека жената лажно сведочи знаеле и нејзините сестри, но полицијата им се заканила да молчат.

-Да бидам искрен се чуствувам некако тапо. Преубаво е да се биде повторно слободен, но се уште „не ми е се на своето место“- порача Регистер надвор ос затворот.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top