| четврток, 6 декември 2018 |

Рауфи: Заштитениот сведок лажно сведочи

Забележливо беше дека исказот на загрозениот сведок не е идентичен како неговиот исказ од претходните судења. Сведокот не знам од кого, ама е инструиран и сведочи лажно, рече адвокатот на обвинетите во случајот „Монструм“, Насер Рауфи.

„Претходната пресуда се базираше на сведочењата на истиот сведок, кој и тогаш сведочеше лажно и затоа целиот процес почна од почеток. Контроверзните изјави на сведокот не донесоа до ново судење, а сега повторно го слушаме“, рече Рауфи.

На денешното судско рочиште за предметот на СЈО „Монструм“, исказ во судницата даваше загрозениот сведок со кодно име Е1.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top