| четврток, 6 декември 2018 |

ДУИ го поздрави ставот на Франција и Германија за македонско-грчкиот спор

MITING DUI

ДУИ, преку писмено соопштение, изрази задоволство од средбата на Метју Нимиц со Ангела Меркел, како и изјавата на француската дипломатија за потребата од брзо решавање на прашањето за името.

-На 50 годишнината од потпишувањето на Елисејскиот Договор помеѓу Конрад Аденуаер и Шарл Де Гол кој што го симболизира големото француско – германско помирување и продолжување на обединувањето на Европа, овој конкретен ангажман на Франција и Германија за продолжување со примерот на помирувањето и на Западен Балкан е повеќе од добредојден и неопходен. Помирувањето помеѓу земјите на регионот и интеграцијата во структурите на НАТО и Европската Унија претставуваат единствена иднина за Западен Балкан. Токму овие земји, Франција и Германија, заедно со другите  пријатели од Европа и САД, инвестираа капитално во мирот, стабилноста, сигурноста и демократијата во Македонија и во регионот. Оваа инвестиција ќе се заокружи само со финалната интеграција на земјите од регионот во НАТО и ЕУ. Затоа, овие напори на Франција, Германија, САД; НАТО, ЕУ и другите Европски земји, ќе пронајдат партнер кај сите нас при ДУИ затоа што Европската  Унија и НАТО се наш приоритет и програмско и стратешко определување. Имајќи во предвид дека пречка за овој круцијален процес претставува  нерешавањето на прашањето со името, ДУИ ја поздравува конкретната ангажираност на нашите меѓународни пријатели кон затварање на овој спор и охрабрува уште понагласени напори за постигнување на конечно помирување на Западен Балкан и окончување на вековното непријателство токму во годината во која одбележуваме 100 години од Балканските војни“ – се вели во соопштението на ДУИ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top