| четврток, 6 декември 2018 |

Роналдо не штеди на автомобили, Меси многу поскромен (фото)

Кристијано Роналдо заработува најмногу и е најскапоплатен фудбалер на планетата, а и возниот парк му е на рамниште на рејтингот. Португалскиот ас од Реал Мадрид го има најскапиот автомобил во конкуренција на светски познатите фудбалери, а вози уникатно „ферари“ од специјалната серија на италијанскиот производител на автомобили, што чини точно 2 милиони фунти.

Интересно е што неговиот голем ривал од фудбалските терени, Лионел Меси има иста марка автомобил – „ферари“, но со многу поскромна цена од 138 илјади фунти. Меси е рангиран на 9. позиција во конкуренција на фудбалери што ги поседуваат најскапите возила на планетата.

Зад Роналдо на второ место е Ел Хаџи Диуф со „мерцедес мекларен“, автомобил што вреди 420 илјади фунти, зад нив е Дејвид Бекам со „ролс ројс“ скап 350 илјади фунти. Оба Оба Мартинс вози „ламборџини“ што го плати 250 илјади фунти, а во топ 5 е и Френк Лампард со своето „ферари 612“, кое вреди 197 илјади фунти.

auto

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top