Засега непознати вандали во текот на предминатата ноќ раскопале православни гробишта постари од два века во полошкото село Сенокосе.
Случајот вчера бил пријавен во полиција, а на терен веднаш излегле увидна екипа и специјалист по судска медицина. Три гроба биле делумно, а еден целосно раскопан.
– Покрај неколкуте коски, за кои судскиот специјалист утврдил дека се стари повеќе од двесте години, најдени се едно стаклено шише и три пластични чаши. Засега не располагаме со сознанија зошто гробовите биле раскопани, но можно е сторителите да барале некакви драгоцености – изјави Јосифоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Работното време ѝ поминува на гробишта: Македонка со успешна бизнис-приказна
-
Продолжуваат скандалите во ЈП „Градски гробишта“ Охрид: Повторно откопан туѓ гроб, сопствениците ќе тужат
-
Сквернавени три надгробни плочи на гробиштата во Драчево
-
ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните сакаат да знаат кому му пречат православните гробишта во Љуботен и очекуваат вандалите да одговараат