| четврток, 6 декември 2018 |

Раскопани православни гробишта во тетовско Сенокосе

vandalizirani grobista

Засега непознати вандали во текот на предминатата ноќ раскопале православни гробишта постари од два века во полошкото село Сенокосе.

Случајот вчера бил пријавен во полиција, а на терен веднаш излегле увидна екипа и специјалист по судска медицина. Три гроба биле делумно, а еден целосно раскопан.

– Покрај неколкуте коски, за кои судскиот специјалист утврдил дека се стари повеќе од двесте години, најдени се едно стаклено шише и три пластични чаши. Засега не располагаме со сознанија зошто гробовите биле раскопани, но можно е сторителите да барале некакви драгоцености – изјави Јосифоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top