| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните сакаат да знаат кому му пречат православните гробишта во Љуботен и очекуваат вандалите да одговараат

Со секој изминат ден без да се најдат зад решетки, вандалите се чувствуваат похрабри и мотивирани да го повторат делото. Загрижува молкот на надлежните институции после вандалскиот чин во село Љуботен кога беа сквернавени и уништени 30-тина православни гробишта во ова село, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Овој срамен чин внесува немир и подгрева тензии. Затоа е неопходно брза и ефикасна реакција на органите на државата. Оливер Спасовски и Министерсвото за внатрешни работи имаат одговорност да работат 24 часа и итно да ги пронајдат сторителите. Секое неоправдано одолговлекување на истрагата од страна на МВР отвора сомнеж дека ваквото дело било направено свесно со и цел да се предизвика страв и нервоза помеѓу населението, за да се протуркаат некои сериозни политички потези на новата власт, изјави Коце Тапшановски.

Граѓаните, додаде Тапшановски, сакаат да знаат кому му пречат православните гробишта во Љуботен и очекуваат вандалите и нивните наредбодавачи да одговараат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top