| четврток, 6 декември 2018 |

Вардар игра со Борац Бањалука, со мислите е на дербито против Металург

Вардар утре игра со Борац Бањалука во меч од СЕХА-лигата, а со мислите е на дербито со Металург, натпревари што ќе се играат на 14 и на 24 ноември.

Утре против некогашниот југословенски ракометен гигант Борац нема да настапи руското трио Дибиров, Чипурин и Растворцев, кои заминаа во родната земја за да средат документи за подолг престој во Македонија. Отсутен ќе биде и Душебаев, ракометар што се рехабилитира од повреда, идентично како и голманот Ангелов и Недановски.

СЕХА-лигата останува на споредниот колосек за „црвено-црните“ и јасно е дека приоритет се настапите во Лигата на шампионите, па утре се очекува ревијален меч со Борац.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top