Претседателскиот кандидат на СДСМ кој ги изгуби изборите во 2009 година и член на експертската комисија за 24-ти декември од опозицискарта партија, во својата најнова колумна отчетот кон граѓаните го претставува како врв на недемократијата, објави „Курир“.
-„Отчетот за сработеното“, како го разбира ДПМНЕ, имено, како постојана изборна кампања – во демократијата е ЗАБРАНЕТ и тоа како стандард, од две либерално-демократски причини, пишува Фрчкоски.
Тој смета дека отчетноста изричито е забранета како директен симбол на еднопартиските диктатури.
-Во демократијата таа „отчетност“ изричито е забранета како директен симбол на еднопартиските диктатури и се заменува со ослободување на граѓанинот од абразивниот идеолошки говор, а истиот се ограничува законски само во кампањите непосредно пред изборите, пишува Фрчкоски.
Давањето отчет за сработеното ВМРО-ДПМНЕ го востанови како сериозна практика, стандард кој ниедна претходна власт не го практикувала. Редовната практика на ВМРО-ДПМНЕ како одраз на политиките за домаќинско работење не беше својствена за време на владеењето на СДСМ, чии политики ги брани Љубомир Фрчкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


