Шпанската полиција синоќа се судри со илајдници демонстранти, кои излегоа на улиците на Мадрид по телевизиското обраќањето на шпанскиот премиер Маријано Рахој, во кое ги негираше обвинувањата за илегално финансирање.
Освен во Мадрид, протести синоќа се одржаа и во други градови во Шпанија, како Барселона, Аликанте, Ваљадолид и Севиља, но тие минаа без поголеми инциденти.
Протестите уследија откако Рахој јавно ги отфри обвинувањата во некои медиуми дека тој и членови на раководството на неговата конзервативна Народна партија (ПП) примале „пари под маса“ од непознати извори и најави дека ќе ги објави сите лични банкарски сметки.
– Никогаш не сум примил пари на црно. Мојата изјава за приходите и имотот ќе биде објавена на интернет и ќе биде на увид на граѓаните во текот на идната недела, изјави Рахој, нагласувајќи дека нема намера да поднесе оставка поради овие обвинувања.
Ваквата изјава на Рахој, не го намали јавното незадоволство на граѓаните, кои и онака се сериозно погодени од тешката економска криза во која се наоѓа Шпанија, што беше манифестирано при синоќешните протести.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Трагична вест од Шпанија: Ракометари на Гранољерс загинаа во сообраќајна несреќа
-
Од 100 до 750 евра казна за оваа лудост: Погледнете што прават туристите во Шпанија
-
Брод со 48 туристи се запали во Шпанија (ФОТО)
-
„Нон пејпер“ од Шпанија: Стоп за влегувањето на Косово во ЕУ, тие не се дел од проширувањето



