Советниците на СДСМ да не се посипуваат самите со пепел и да го расчистат сопствениот двор, порача првиот човек на општина Карпош, Стевчо Јакимовски. Ваквата реакција доаѓа како одговор на обвинувањата кои дојдоа од СДСМ, партија која тој ја напушти поради несогласувањата со поранешниот нивен претседател Бранко Црвенковски.
– Како што милува Бранко Црвенковски да каже: „Ем сдсмовчиња ем мангупчиња!“ Ем сдсмовска фирма (зет и дедо-од Кабинетот на последната Влада на Социјалдемократскиот сојуз) на тендер ја добија изградбата на плоштадот во Влае, ем ја оплескаа работата, ем држат пресови за незавршување на плоштадот. И покрај сите преписки со Општината и укажувања за неизвршените работи и неисполнети обврски што ги имаат, тие очекуваа да ги молиме и својот непрофесионализам и опструкции сега го покриваат со најдрски пресови. Плаковци! Наместо да се покријат од срам, уште вината ја префрлаат на Општината – реагира на обвинувањата Јакимовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.