| четврток, 6 декември 2018 |

Нова моќна преработка на Марко Логаут (ВИДЕО)

Marko Logout 2

Моќно и многу емотивно, во негова веќе препознатлива изведба и во придружба на живи инструменти, Марко Логаут ја препеа легендарната макфестовска тема „Осамен“ од Трајче Манев. Прекрасните звуци на пијано, виолина и виолончело, кои ги отсвиреа Стефан Пехчевски, Илија Филиповски и Мери Георгиевска, го доведоа овој македонски евергрин до перфекција, а Гордан Божиновски изработи видеозапис.

–         Пресреќен сум што направив кавер на една од моите омилени македонски композиции и сѐ уште сум под импресии од тоа како звучи истата. Публиката која во еден здив ја пее песната на моите настапи ми даде инспирација и идеја да ја препеам на некој мој начин, па се надевам дека ќе ѝ се допадне ова што го направивме со целата екипа со која работев – вели Марко.

Каверите на „За нас“, „И тогаш некоја будала“ и неговиот сингл  „Без тебе не можам“ на Марко му го донесоа епитетот „јутјуб сензација“. Публиката сега може да ужива во извонредната изведба и на овој кавер снимен и работен од Гени Каревски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top