Моќно и многу емотивно, во негова веќе препознатлива изведба и во придружба на живи инструменти, Марко Логаут ја препеа легендарната макфестовска тема „Осамен“ од Трајче Манев. Прекрасните звуци на пијано, виолина и виолончело, кои ги отсвиреа Стефан Пехчевски, Илија Филиповски и Мери Георгиевска, го доведоа овој македонски евергрин до перфекција, а Гордан Божиновски изработи видеозапис.
– Пресреќен сум што направив кавер на една од моите омилени македонски композиции и сѐ уште сум под импресии од тоа како звучи истата. Публиката која во еден здив ја пее песната на моите настапи ми даде инспирација и идеја да ја препеам на некој мој начин, па се надевам дека ќе ѝ се допадне ова што го направивме со целата екипа со која работев – вели Марко.
Каверите на „За нас“, „И тогаш некоја будала“ и неговиот сингл „Без тебе не можам“ на Марко му го донесоа епитетот „јутјуб сензација“. Публиката сега може да ужива во извонредната изведба и на овој кавер снимен и работен од Гени Каревски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)