Во пресрет на денешниот пријателски натпревар против репрезентацијата на Црна Гора во 17.30 часот во Струмица, македонските ракомететни репрезентативци го искористија слободното време и струмичкото сонце за дружба.
Наумче Мојсоски, Филип Лазаров и Дејан Манасков се опуштаа во кафулето „19“, сопственост на македонскиот фудбалски ас Горан Пандев.
Нивните фанови, пак, ја искористија можноста да се фотографираат со нивните омилени ракометари.
На вчерашниот ракометен меч кој беше од затворен тип, македонската репрезентација ја совлада екипата на Црна Гора.
Фото: Владо Оцевски „Република“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



