| четврток, 6 декември 2018 |

САД: Германија ја загрозува стабилноста на Европа

Obama-and-Merkel-to-Talk-About-Spying-Allegations

Американското Министерство за финансии ја обвини Германија дека нејзината агресивна извозна политика штети на стабилноста на Европа, како и на економското закрепнување на целиот свет, пренесува „Би-Би-Си“.

Обвинувањата од страна на САД следуваат само неколку дена по заладувањето на односите меѓу сојузниците поради шпионската афера со прислушувањето на мобилниот телефон на канцеларката Ангела Меркел. Поради скандалот, Германија упати низа критики на својот сојузник.

Во извештајот на Министерството, покрај Германија, се критикува и Кина, која е опишана како монетарен манипулатор. Минатата година Германија имала поголем извоз од Кинезите, што негативно се одразило на опоравувањето на другите земји од ЕУ, особено оние кои биле повеќе погодени од кризата.

Од друга страна, аналитичарите овој напад врз Германија го доживеаја како неоснован затоа што, и покрај тоа што земјата има корист од својата трговска политика, економскиот раст во Европа мора некаде да се случи, а Германија е најдобро место за тоа.
Медиумите истакнуваат дека повод за најновата размена на тешки зборови меѓу двете земји е токму шпионската афера која беше обелоденета неодамна и која предизвика голем гнев кај Германците.
Според аналитичарите, поради скандалот, САД се нашле под голем притисок, па сега се обидуваат да прејдат во офанзива.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top