Франк Рибери понуди интересно гледиште на работите пред бараж дуелите на Франција и Украина за пласман на мундијалот во Бразил, следната година, со констатација дека елиминација на „триколорите“ би било еднакво на катастрофа. За да не се случи такво нешто, на терен, во два меча ќе треба да се погрижат токму Рибери и соиграчите.
„Не можам да замислам Светско првенство без Франција. Тоа би било еднакво на катастрофа за сите“, изјави играчот на Баерн Минхен.
Сосема спротивно сигурно мислат Украинците, а тие се последната пречка за „галските петли“ кон Бразил идното лето. Бараж мечевите ќе се играат на 15 и 19 ноември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)