| четврток, 6 декември 2018 |

Фаворитите одат понатаму во Лига купот на Англија

Екипата на Манчестер Сити се пласираше во четвртфиналето на Лига купот на Англија откако синоќа по продолжение го победи Њукасл со 2:0, исто така и Тотенхем го елиминираше Хал на пенали

Usain Bolt gives Sergio Agüero a unique lesson of speed ahead of the Manchester Derby

Двата гола „граѓаните“ ги постигнаа во дополнителните 30 минути, а стрелци беа: Алваро Негредо во 99. минута и Един Џеко во 105. минута.

На вториот осминафинален дуел одигран синоќа Тотенхем по изведување на пенали го елиминира Хал. По 90 минути беше 1:1, а по продолжението 2:2, па победникот беше решен со изведувањето пенали и Тотенхем славеше со 8:7.

Последниот осминафинален натпревар меѓу Сандерленд и Саутемптон ќе се одигра на 6 ноември. Познати се веќе и четврт-финалните двојки: Лестер – Манчестер Сити, Стоук – Манчестер Јунајтед, Тотенхем – Вест Хем, додека победникот од дуелот Сандерленд и Саутемптон ќе биде домаќин на Челси. Натпреварите ќе се играат на 16 декември.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top