Навивачите на грчкиот клуб АЕК и симпатизерите на белорускиот ракометен шампион Динамо Минск се степаа во септември на квалификацискиот турнир во Прешов, Словачка, а со овие два клуба казна доби и домаќинот Татран Прешов. АЕК треба да плати вкупно 7 илјади евра, поради тоа што неговите навивачи беа иницијатори на инцидентот. Не беа мирни ниту Белорусите, па Динамо ќе плати глоба од 3,5 илади евра, а најмногу настрада организаторот Татран Прешов. За лоша организација ЕХФ им испорача сметка во висина од 2,5 илјади евра.
На крајот Динамо Минск избори пласман во Лигата на шампионите и игра во група со нашите две екипи Вардар и Металург, а за тепачката, тука не се знае кој кого тепа и кој е тепан. Имаше и рсакрвавени лица, а инцидентот е од 1. септември. Погледнете го видеото со тепачката меѓу Грците и Болурусите.
Affrontements AEK Athènes – Dinamo Minsk à… by Handnews
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.