| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсен еден од најопасните припадници на Ал Каеда

al kaedaЈеменските власти денеска уапсиле еден од најопасните припадници на Ал Каеда. Според државната новинска агенција Саба во југоисточниот дел на Јемен бил уапсен  Набил Ал-Маграби, вмешан во убиството на генерал Али Бин Фрејџан, што се случи во текот на месецот.

Маграби бил уапсен во местото Гајл Бавазир, во југоисточната провинција Хадрамавт. Ал Каеда ги интензивира нападите врз јеменските безбедносни сили, пред се во јужните и источните провинции.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top