Сообраќајната несреќа во која таксист налета на осум мексикански навивачи сепак не е терористички чин, туку се должи на премореноста на возачот на таксито. Тој беше сослушан од страна на полицијата и против него ќе биде покрената соодветна судска постапка, но таксистот искрено говореше за несаканата случка.
-Каков терорист, тоа нема никаква врска. Да бидам искрен, се се случи бидејќи многу ми се спиеше. Бев преморен, работев 20 часа без престан. И претходниот ден возев исто толку, веќе немав концентрација. Бев на сто метри од својот дом, гледав само да стигнам, но тогаш наместо на кочница стиснав на педалата за гас… и е случи хаосот, изјави таксистот чие име се уште не се објавува во јавноста.
За среќа, во целиот инцидент немаше посериозно повредени лица, а мексиканските фанови веднаш ќе ја остават оваа случка зад себе откако нивните миленици денеска приредија сензација со триумфот над светскиот првак Германија.
извор:ekipa.mk
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.