| четврток, 6 декември 2018 |

Јакимовски: Зошто Бранко беше во Америка и со кого?

stevco jakimovski

 

Повеќе од јасно е дека советничката група на СДСМ и самиот Социјалдемократски сојуз прави очајнички обиди да се извлече од калта и од мега-аферите во кои се вмешани и кои секојдневно им излегуваат во јавност.

Вака градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски одговори на обвинувањата на советникот од редовите на СДСМ Иван Спировски дека Општина Карпош има сериозни финансиски проблеми, и праша дали Јакимовски престојува во Дубаи како турист или е во службена посета.

– Наместо советникот Иван Спировски да и даде одговор на јавноста на веќе поставените прашања дали е вистина дека Вера Видинова, родената тетка на екс потпретседателот и висок функционер на СДСМ Андреј Петров, има кривична пријава во аферата „Претседавач“, во која е уапсен Мирослав Шиповиќ и каква е нејзината улога во сето тоа, тој упорно се занимава со Јакимовски, вели Јакимовски во реакцијата.

Првиот човек на општина Карпош вели дека СДСМ уште не излегол од калта до гуша со аферите на доделување тендери на свои блиски роднини од страна на лидерот на партијата и градоначалник на Струмица Зоран Заев, а веќе влегува во друга.

„Што се однесува до неговата „патувачка љубопитност“ кој каде отпатувал, Иван Спировски јавно нека го постави прашањето до Бранко Црвенковски зошто и со кого неодамна отпатува во САД и со кого бил таму?“, потенцира Јакимовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top