Белградскиот весник „Вечерње новости“ пишува дека Србија и Косово ќе разменат оперативни офицери за врска, кои ќе работат во канцеларии при мисиите на ЕУ. Според весникот, Србија до средината на месецов ќе го испрати Дејан Павичевиќ, кој во моментот е раководител на српскиот тим во техничкиот дијалог Белград-Приштина. Негова задача ќе биде да ја надгледува примената на постигнатите договори.
Според канцеларијата за Косово и Метохија, ЕУ врши притисок офицерите да имаат дипломатски имунитет, додава весникот. Во Приштина, пак, тврдат дека нивниот офицер за врски Љуљзим Пеци, кој досега беше пратеник на Косово во Шведска, ќе има дипломатски имунитет, но Белград тоа го демантира.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Во галеријата на Куќата на Ѓура Јакшиќ во Белград отворена изложба на теракотните икони од Виница
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба